Детето кое му ја направи најјаката финта на Џерард, денеска е фудбалер

Фудбалското ривалство и начинот за тоа како да се зафркне противникот има посебна традиција во Англија. Од многуте незаборавни моменти, секако еден од најпознатите е оној пред 14 години на „Стемфорд Бриџ“. Челзи играше против Ливерпул, а пред дуелот, во тунелот каде што фудбалерите се подготвуваа да излезат на терен, се случи незаборавен момент. Мало петгодишно дете кое беше во дресот на Челзи, реши да се пошегува со тогашниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард. Момчето по име Џек Никлес го застана Џерард и му подаде рака да се поздрават. Кога Џерард се обиде да се поздрави, детенцето ја тргна раката и го исплази јазикот.

Сега, 14 и пол години подоцна, тоа детенце порасна и има 20 години. Никлес е фудбалер, член во нисколигашот Билеркај Таун. Џек вели дека бил многу мал и едвај се сеќава на тој момент со Џерард, но знае дека татко му го наговорил за такво нешто. „Секоја година тоа видео е актуелно. Не се сеќавам многу добро на тоа, но знам дека татко ми пред мечот ме наговори тоа да го направам. Кога го видов Џерард во тунелот, инстиктивно реагирав“, вели Никлес.  

- Оглас -

Најнови вести