28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Детроит без Грифин во првата рунда на плејофот

Блејк Грифин не ќе може да им помогне на Детроит пистонс во првата рунда од плејофот против Милвоки бакс поради повреда на коленото. Крилниот центар го пропушти и првиот дуел на овие две екипи, во кој Бакс славеше со убедливи 121:86.

Како што пренесуваат американските медиуми, Грифин нема да се врати на терените до крајот на оваа серија. Шансите на Детроит за пласман во следната рунда се уште помали бидејќи ќе мора да најдат решение без нивниот најдобар кошаркар, додека Милвоки се смета за фаворит во оваа рунда, тоа го потврдија и ноќеска со убедливиот триумф.

„Ќе направам сè што управата, стручниот штаб и докторите сметаат дека е најдобро решение за мене“, истакна 30-годишниот крилен центар.

Грифин во регуларниот дел од сезоната во 75 меча бележеше просек од 24,5 поени и 7,5 скока по натрпевар.

Вториот меч меѓу Детроит и Милвоки е закажан за ноќта меѓу среда и четврток со почеток во 2 часот. Пласманот во конференциското полуфинале на Истокот ќе обезбеди тимот кој прв ќе оствари четири победи, а Милвоки веќе води со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести