„Децата“ на Ливерпул повторно донесоа победа, овојпат во ФА купот, Каземиро ги прекина маките на Јунајтед во Нотингам (Видео)

Ливерпул, кој во неделата го победи Челзи со 1:0 во финалето на Лига купот, вечерва обезбеди пласман во четвртфиналето на ФА купот откако со 3:0 го совлада Саутхемптон.

Поради проблемите со повреди на поголем дел од ѕвездите, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, повторно одлучи да им даде шанса на поголем дел од младите фудбалери кои повторно одиграа одлично, како што беше случај во неделниот дуел со Челзи, и се најзаслужни за пласманот во четвртфиналето.

За тоа каква доверба во младите има Клоп, најдобро покажува дека во 78-мата минута во игра во внесе 16-годишниот Трев Ниони, кој стана најмладиот фудбалер на Црвените кој заиграл во ФА купот.

 

Осумнаесетгодишниот Луи Кумас во 44-тата минута го отвори резултатот, а во второто полувреме на сцена исто така стапи 18 години стариот Џејден Данс, кој ги постигна двата гола. Данс влезе во игра во 63-тата минута на местото на Кумас и десет минути подоцна погоди за 2:0, а конечниот резултат го постави во 88-мата минута.

 

Пласман меѓу осумте најдобри во ФА купот обезбеди и Манчестер јунајтед, кој со минимални 1:0 славеше на гостувањето кај Нотингам форест. Стрелец на голот кој го однесе Јунајтед во четвртфиналето беше Каземиро во 89-тата минута.

На „Стемфорд бриџ“, Челзи со 3:2 го совлада Лидс, додека со Вулверхамптон со 1:0 го победи Брајтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести