Деценија од ремек-делото на Руни: Премиер лигата уште нема видено поубав гол (видео)

Измина точно една деценија откако Премиер лигата посведочи на најубавиот погодок во својата историја. Ножичките на Вејн Руни во градското дерби против Манчестер сити значеа триумф на Црвените ѓаволи со 2-1, по кои целиот „Олд Трафорд“ падна во транс.

Датумот 12 февруари 2011 година го памети секој навивач на најтрофејниот англиски клуб, а најатрактивното фудбалско првенство на светот уште нема видено поубав погодок од ремек-делото на Руни. Голот беше толку добар, што Сер Алекс Фегрусон со пцовки и неверување го прослави, безмалку беше шокиран, како и повеќе од 74.000 присутни на „Театарот од соништата“.

- Оглас -

Најнови вести