Децениската желба на Барселона ќе биде достапна во јануари

Честите повреди на Меси ја ставија управата на Барселона во неповолна позиција, да мора да бараат некакво привремено решение со кое барем малку би ја пополниле празнината која ја остава Аргентинецот. Валвреде иако располага со младите Фати, Карлес Перес, па и мулти-милионското засилување Дембеле во кое нема многу доверба, потребен е играч со искуство.

Шпанскиот првак знае кој играч може да одговори на тој предизвик, го следат веќе неколку години, поточно уште во периодот кога Пеп Гвардиола беше на клупата на Каталонците. Станува збор за крилото на Челзи, Вилијан. Триесет и едногодишниот Бразилец влезе во последната година од договорот со Сините, а тоа е добар вест за Барса бидејќи ќе може да отворат преговори уште во јануарскиот преоден рок.

Барселона и во последните два летни преодни рокови се обиде да го доведе Вилијан, а највисоката понуда која лондончани ја одбија гласеше 60 милиони евра. Инаку првиот обид да се ангажира бразилскиот репрезентативец беше во 2010 година, но тогаш Барса не сакаше да исплати 25 милиони евра на Шахтар, па Вилијан заврши во рускиот шампионат во редовите на Анжи, а една година подоцна следуваше трансферот во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести