Нејмар во кариерата нема доживеано вакво понижување, си замина со прстите ставени во уши (Видео)

Екипата на Сантос на домашен терен загуби со 2:3 од Флуминесе во меч од 12-тото коло на бразилската Серија А. Како еден од главните виновници за поразот, домашните навивачи го посочија Нејмар.

Само пред неколку месеци, навивачите на Сантос го молеа Нејмар да остане во клубот, но очигледно дека сега работите се сменија. Фановите како веќе да немаат трпение кон фудбалската ѕвезда, па по поразот од Флуминесе, Нејмар од теренот го испратија со свирежи и негодувања.

Ни Нејмар не им остана должен, па кога заминуваше од теренот, со рацете само ги затвори ушите да не ги слуша.

Искусниот 34-годишен Нејмар со сите сили се обидува да се наметне кај новиот селектор Карло Анчелоти и да му докаже дека тој има квалитет за да биде дел од репрезентацијата на Бразил, која за помалку од два месеца ќе биде дел од Светското првенство. Сепак, малку е веројатно дека Анчелоти ќе отстапи од својата замисла бидејќи досега сметаше дека Нејмар не е за во националниот дрес.

Во новата сезона, Нејмар на 10 меча кои ги одигра има учинок од четири гола и три асистенции. Сепак, тој на теренот повторно прави потези кои се несфатливи за профи фудбалот, па така и синоќа, во моментите кога неговиот тим губеше со 2:3, во судиското продолжување Нејмар се обиде да биде атрактивен, но ја загуби топката од противникот, што дополнително наиде на лоши реакции од публиката.

- Оглас -

Најнови вести