Девојката на Де Јонг откри нешто што Барса досега успешно го криеше (фото)

Барселона во овие моменти се надигрува со Атлетик Билбао во мечот од 31-вото коло во Ла Лига, но управата на актуелниот шпански првак мора да решава друг проблем. Имено, девојката на Френки де Јонг, Мики Кимени, откри нешто што клубот досега успешно го криеше, а тоа е повредата на холандскиот играч за врска.

Сетјен истакна дека Де Јонг има повреда и дека би требало во еден од наредните натпревари да се врати во составот, без притоа да открие детали за каква повреда се работи. Сега знаеме по фотографијата која Мики ја објави на нејзиниот инстаграм-профил. Де Јонг има повреда на листот од десната нога, а големи се шансите да е посериозна од што се претпоставуваше.

По рестартирањето на сезоната во Ла Лига, Де Јонг настапи само во победата над Мајорка, додека во претходните два меча недостасуваше во тимот.

- Оглас -

Најнови вести