Девојката на Ван дер Варт е главен адут на Холандија во финалето на СП

Еден од најдобрите холандски фудбалери во последниве 20-тина години, Рафаел ван дер Варт сега е фокусиран на друг спорт – ракометот. Ван дер Варт е во Јапонија каде ја бодри женската репрезентација на Лалињата на Светското првенство за жени. Фудбалерот е отпатува илјадници километри затоа што го сака ракометот, туку затоа што за националниот тим игра неговата девојка Еставана Полман.

Полман и ван дер Варт се заедно речиси четири години и заедно имаат ќерка. Поради љубовта кон Полман, Ван дер Варт последните години од кариерата ги помина играјќи во Данска, земјата во која ракомет игра неговата девојка. Полман е една од најдобрите ракометарки на Холандија и со 47 погодоци засега е втор стрелец во репрезентацијата на Мундијалот.

Попладнево, во финалето на планетарниот собир, Холандија ќе игра против Шпанија. Двете селекции беа аутсајдери во полуфиналните дуели со Русија и Норвешка, но направија изненадување, па сега мотивот и кај едните и кај другите ќе биде „до небо“.

 

- Оглас -

Најнови вести