Џабе фрлени 25 милиони евра: По 19 месеци пауза поради повреда, се врати на теренот и пак се повреди

Жан-Филип Гбамин е играчот кој во 2019 година за сума од 25 милиони евра направи трансфер од Мајнц во Евертон. Англискиот тим очекуваше дефанзивниот играч за врска да биде засилување во екипата, но повредите на репрезентативенот на Брегот на Слоновата Коска направија да не е така.

По доаѓањето во Евертон, Гбамин одигра два меча, а потоа заработи тешка повреда на мускулот на ногата и на Ахиловата тетива. Го чекаше долга пауза од 19 месеци неиграње, а кога конечно закрепна, се врати на теренот на мечот против Кристал палас.

Влезе на местото на Џејмс Родригес и ги одигра последните 12 минути, во дуелот кој заврши 1:1. Сепак, Гбамин повторно го немаше во составот на синоќешниот дуел против Брајтон (0:0), а тренерот Карло Анчелоти откри дека Гбамин повторно се повредил на дуелот против Кристал палас. Се работи за повреда на медијалниот лигамент на коленото, што значи дека сезоната за Гбамин дефинитивно е завршена, а одигра само 12 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести