Џабе ќе доаѓа Муслиу, Николов и Мол Фехервар елиминирани од Вадуз

Бобан Николов и неговиот соиграчи од Мол Фехервар доживеаја неочекуван и шокантен пораз од Вадуз со 0:2 на гостински терен по продолженија и испаднаа од трката за нов пласман во Европа Лигата.

Макединскиот репрезентативец го одигра целиот меч, што траеше 120 минути, но не успеа да помогне да се постигне барем еден гол во мержата на Вадуз и да се избегне елиминација.

Вадуз поведе со голот на Гајиќ од пенал во 61. минута и во регуларниот дел реваншот заврши со 1:0, идентично на победата на Мол Фехервар во Унгарија. Се играа продолженија, а Кулибали со нов погодок за Вадуз во 100. минута донесе многу радост во таборото на клубот со најинтересно портфолио во Европа.

Вадуз е клуб од Лихтенштајн што игра во швајцарска лига, а ја претставува својата земја во еврокуповите.

Мол Фехервар најави дека сака да го ангажира и вториот македионски репрезентативец Висар Муслиу, и тоа летово, по испаѓањето на Шкендија од Европа, но сега е прашање дали ќе продолжат преговорите по елиминацијата и на унгарскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести