Џабе не се европски прваци – Младите Шпанци ја победија Македонија со 3:0

Младите Шпанци потврдија зошто се актуелни европски прваци во фудбал за играчи до 21 година и лесно ја победија Македонија со 3:0 во квалификациски меч од нашата група за пласман на Европско првенство.

Во Алкоркон домаќините рано поведоа со голот на Ману Гарсија во седмата минута, а потоа имаа контрола и на резултатот и на играта.

Веднаш на стартот од второто полувреме Серафимов си постигна автогол, па беше јасно дека фаворитот ќе победи. Нашите репрезентативци се обидоа да парираат, но Шпанија за нас во фудбалот е најнезгодниот ривал што го немаме победено на официјален меч во ниту една категорија.

И вечерва во Алкоркон победи Црвената фурија, а печат на убедливиот триумф стави Адрија Педроса со погодок во 87-мата минута.

Шпанија е лидер во нашата група со 12 бода од 4 меча, пред Израел, Македонија и Казахстан со по 7 бода. Црна Гора има 4 бода, а Фарските Острови се последни без бодови.

- Оглас -

Најнови вести