Џабе рекордот на Кејн, Тотенхем со новиот пораз си ја загрози европската иднина (Видео)

Брентфорд како гостин го победи Тотенхем со 3-1 и на едно коло до крајот, дојде на само бод помалку од Тотенхем, со кого ќе водат битка за место во Конференциската лига, и тоа ако им дозволи Астон Вила која има бодови како Петлите и еден меч помалку.

Тотенхем водеше по првото полувреме со прекрасниот гол на Хари Кејн, со кој голгетерот стана премиерлигашки рекордер, но во вториот дел Пчелите направија пресврт благодарение на Мбеумо кој погоди за 1-1 и 2-1, а асистираше за 3-1.

Домашните фанови скандираа против првиот човек на клубот, Даниел Леви, а Тотенхем по вторпат во историјата после сезоната 2007/2008, има барем 60 и постигнати и примени голови.

- Оглас -

Најнови вести