Џака со аматерска грешка асистираше за голот на Барнли (видео)
Наместо да најде поедноставно решение, фудбалерот на Арсенал го погоди Вуд во градите

Барнли и Арсенал засега се неразделни по 45 минути игра и нерешените 1-1 на „Турф Мур“, само поради кардиналната грешка на Гранит Џака.
Фудбалерот на Арсенал наместо да најде поедноставно решение да се ослободи од топката, се одлучи за лошо проигрување и го погоди во градите напаѓачот на домаќините, Крис Буд, по што топката заврши во мрежата на Лено во 39-тата минута.
Претходно Обамејанг уште во шестата минута ја отвори средбата, а Топчиите ќе жалат за неколку пропуштени шанси да го зголемат водството.
Mistake by Granit Xhaka as he assists Chris Wood in Burnley's equaliser against Arsenal #BURARS
Burnley 1-1 Arsenalpic.twitter.com/4vK5laQ60f
— ArsenalVideo (@arsenal_video) March 6, 2021