Џани се поздрави со Ал-Ахли, следна дестинација Истанбул (видео)

Езѓан Алиоски утрово се збогува со соиграчите и клубот Ал-Ахли, а наскоро ќе биде официјализиран неговиот трансфер во Фенербахче.

Поранешниот лев бек на Лидс јунајтед како позајмен играч ќе игра во следната сезона, па турскиот гигант по Елиф Елмас повторно ќе има член од македонската фудбалска репрезентација.

Во меѓувреме Алиоски и Фенер ја добија Шкендија како потенцијален противник во плејофот од Лигата на конференциите.

- Оглас -

Најнови вести