Џеј Ар Смит се спука со Трамп: Ти си кловн, замолчи и работи нешто

Џеј Ар Смит отворено го критикува претседателот на САД Доналд Трамп, дури и со зборови што се навредливи, а пораката ја испрати на социјалните мрежи.

„Ти си кловн. Молчи и работи нешто“, напиша Смит, како реакција на постот на Трамп, со кој ги нападна медиумите дека измислуваат приказни и шират паника кај населението во екот на епидемијата со Коронавирусот.

Опасниот вирус опасно ја зафати и Америка, а особено е критично во Њујорк и неговата околина, Во моментов САД се во топ-3 земји со најмногу заразени и починати од Коронавирус.

Ова не е првпат претседателот на САД јавно да биде прозван од НБА кошаркар, а пред Смит и поранешниот играч на Њујорк никс и на уште неколку екипи, Џереми Лин го обвини Трамп дека е расист.

Лин кој сега игра во Кина реагираше на објавата на првиот човек на САД, кој напиша дека Коронавирусот е кинески вирус.

 

- Оглас -

Најнови вести