Џемс Бонд мисијата на Барселона е откриена – Во Мароко се преговара за играчот што го чинеше клубот 145 милиони евра

Спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани, е во Мароко на преговори со менаџерот на Усман Дембеле за продолжување на договорот, а мисијата што требаше да биде тајна е откриена.

Новинарот Џерард Ромеу објави фотографија од Алемани како пристигнува во Мароко на тајните преговори со Муса Сисоко, кој му е менаџер на Дембеле.

Барселона сака да го задржи играчот и му нуди долгогодишен договор, но преговорите станаа историски и траат повеќе од една година.

Ако Каталонците не успеат, Дембеле ќе биде слободен играч ова лето и ќе може да си замине без отштета.

Барса го купи Дембеле во август 2017 година од Борусија Дортмунд за сума од 105 милиони евра, плус и бонуси од 40 милиони евра, што е еден од највисоките трансфери во историјата на фудбалот.

Усман имаше многу мака со повредите, но сега игра во топ-форма и Барселона сака да го задржи и да го продолжи договорот со 24-годишниот француски интернационалец.

- Оглас -

Најнови вести