Џенова се врати во Серија А, навивачите не го забораваат Горан!

Џенова го победи Асколи со 2-1, и со тоа си обезбеди експресно враќање во Серија А, само една година по испаѓањето од првата во втората италијанска лига.

Покрај Џенова, нов член на Серија А е и Фрозиноне, а третиот нов прволигаш ќе се одреди после баражите.

Интересно е дека попладнево на трибината каде што е најверните и најгласни фанови на Џенова, се појави и знаме на кои пишува Горан, а буквите се во боите на клубот, сина и црвена. Горан Пандев беше на стадион и го прослави враќањето на тимот во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести