Џенова со еден твит и еден збор кажа се за Гранде Пандев (Фото)

Со еден твит и еден збор, Џенова му честиташе на Горан Пандев за големиот успех против Германија и чудесната победа на Македонија во Дуисбург со 2:1.

„Едноставно, Горан Пандев“, објавија на „Твитер“ од Џенова, честитајќи му на погодокот и победата против Германија.

Комплиментите за „вечното момче“ на македонскиот фудбал се редат како на филмска лента, а капитенот на македонската репрезентација е вистински пример како се игра и во зенитот на кариерата, на 37-годишна возраст.

Со неколку маестрални партии фудбал ѝ помогна и на Џенова да побегне од опасната зона во Серија А, а тоа што го прави во дресот со националните бои се граничи со чудо.

Пандев го постигна историскиот гол во Тбилиси против Грузија, што ја одведе Македонија на ЕП и на прво големо фудбалско натпреварување, а вчера рутински го матираше и Тер Штеген, со гол со кој го најави чудото во Дуисбург.

 

 

- Оглас -

Најнови вести