Џиџи командува, Вардар почна со тренинзи на четири дена до продолжението на првенството (Фото)

Вардар конечно попладнево почна со тренинзи, но фудбалерите под команда на старо-новиот тренер Никола Илиевски Џиџи имаат само четири дена да се подготват за вечното дерби со Пелистер што ќе се игра на 14 февруари во Скопје.

Вардарци се собраа на терените на Академијата на клубот и го имаа првиот тренинг оваа зима пред продолжението на домашниот шампионат.

Конечно се реши и проблемот со Сергеј Самсоненко, кој не дозволуваше во изминативе денови клубот, чиј газда беше до недоамна и сè уште има долгови, да тренира на терените на Академијата.

Според најавите, Јавното претријатие за стопанисување со јавен и деловен простор, АДССДП, прости дел од долговите што ги имаше Вардар, а вбризгани се и дополнителни 100.000 евра за да може клубот колку-толку да функционира до крајот на сезоната.

Со поддршка на првиот тренинг зимава на терените на вардаровата Академија присутни беа и навивачките од групата „Комити“, кои организираат акција за помош на клубот со купување на билети за мечот со Пелистер.

 

ФОТО: Петр Стојановски

- Оглас -

Најнови вести