Џими ја одложи шампионската забава на Лејкерс, Мајами изнуди шести меч (видео)

Мајами намали на 3-2 и изнуди шести меч во финалната серија против ЛА лејкерс по минималната победа од 111:108. Лејкерси првпат во овосезонскиот плејоф загубија два натпревари во една серија, а победата која им е потребна за 17-тата титула ќе ја бараат во ноќта меѓу недела и понеделник.

Џими Батлер повторно брилјираше и се покажа како лидер на Жешките со трипл-дабл учинокот од 35 поени, 12 скока и 11 асистенции, но Мајами доби и херој во сенка во расположениот Данкан Робинсон, кој заврши со 26 поени со седум реализирани тројки.

Во мечот со многу осцилации на двете екипи, Жешките ја презедоа иницијатива по првата четвртина. На двапати Мајами имаше и +11 поени предност пред паузата на полувреме, но со само +4 влезе во третата делница.

Лејкерси во обид да го свртат резултатот изнудија само израмнување при 70:70, за потворно Мајами да го исконтролира резултатот, па и во последните 12 минути тимот од Флорида влезе со позитива. Како што се претпоставуваше, последниот период беше исполнет со драматични моменти.

Мајами од +11 предност во последните пет минути влезе со негатива од -3. Се чекаа поени на Батлер кој во три периоди постигна 27 поени, па цели 10 минути беше без реализација во клучниот период. Две тројки на Робинсон во вистински моменти ги размрдаа Жешките, кои имаа одговор на секој агресивен напад на Џејмс.

На 16 секунди до крајот Батлер реализира две слободни фрлања по што на Мајами му остана да се одбрани во последниот напад на Лејкерс. Грин осамен промаши тројка, но Морис направи катастрофално додавање по што Езерџиите не го искористија офанзивниот скок, па Хиро го постави конечниот резултат 111:108.

Покрај Батлер (35) и Робинсон (26), цела петорка на Мајами беше двоцифрена, додека пак не беше доволен двојниот учинок на Џејмс од 40 поени и 13 скока, ниту двојниот учинок на Дејвис од 28 поени и 12 скока.

- Оглас -

Најнови вести