Џин со меко срце: Ѕјуба даде четири гола, а славеше со цуцла во уста (Видео)

Артем Ѕјуба со четири гола му донесе победа на Зенит од 5-1 против Тамбов, и со тоа тимот од Санкт Петербург стави печат на својата титула во руската Суперлига, која ја обезбеди уште пред неколку недели. Големиот Ѕјуба откако го постигна голот за 1-0, кој му беше 200-ти во кариерата, покажа маица на која пишува дека уште е гладен за голови.

Веднаш после тоа Ѕјуба извади една цуцла и ја стави во уста, па својот гол со кој стана прв стрелец сезонава во Русија, му го посвети на својот трети син кој се роди вчера.

Во историјата на рускиот фудбал, поефикасни од Ѕјуба се само Александар Кержаков со 233 и Олег Веретеников со 207 погодоци.

Голот и прославата може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести