Џордан одбил 100 милиони долари за да се појави на двочасовен настан

Мајкл Џордан имаше неверојатно богата кариера, но тој своето вистинско богатство го стекна по нејзиниот крај.

Со договорот со „Најки“, како и со креирање на „џорданките“ неговото богатство се проценува на над 1,5 милијарди долари. Неговиот агент, Дејвид Фалк, откри дел од понудите коишто ги имал Џордан во минатото.

„Една жена од Азија му понуди седум милиони долари само за да игра голф против Мајкл, но тој не сакаше бидејќи ќе пропуштеше претсезонски натпревар на Шарлот. Но, пред три години на маса му ставив договор вреден 100 милиони долари.

Брендот за соработката бараше само Џордан да се појави на двочасовен настан, но Мајкл и тоа го одби“, изјави Фалк.

Според некои информации, легендарниот кошаркар заработува над пет милиони долари на неделно ниво од продажбата на „џорданките“.

 

- Оглас -

Најнови вести