Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел е победник на трката за Голема награда на Сингапур. Расел уште вчера во квалификациите ги изненади фаворизираните противници, а денеска извозе одлична трка и на крајот го комплетираше одличниот викенд со победа и тоа пред Макс Ферстапен кој заостана пет секунди, а заврши веднаш зад него беше Ландо Норис.
Четвртото место на крајот му припадна на Оскар Пјастри, а потоа следуваа Кими Антонели, Луис Хамилтон, Шарл Леклер и Фернандо Алонсо.
Со овој распоред на трката во Сингапур касно е дека тимот на Мекларен може да почне да ја слави титулата кај конструкторите. Мекларен и минатата сезона беше шампион кај тимовите, што значи дека само ја потврдува доминацијата.
McLAREN ARE THE 2025 CONSTRUCTORS’ CHAMPIONS! 👏
In a class of their own 👑#F1 pic.twitter.com/rHrd7jOmsK
— Formula 1 (@F1) October 5, 2025