Дибала е херој на Рома: Волчицата со пресврт во второто полувреме го победи Сасуоло на гости

Рома победнички си замина од гостувањето кај Сасуоло славејќи со 2:1 во меч од 14. коло на Серија А. Со оваа победа Рома се искачи на петото место на табелата со 24 бодови колку што има и Наполи кој е четврти. Сасуоло остана на 15 бодови што е доволно за 15 место на табелата.

Сасуоло прв се израдува и тоа благодарение на голот на Матеус Енрике во 25 минута. Домаќините имаа контрола на играта и резултатот се до 62 минута кога Болока заработи директен црвен картон и Сасуоло остана со фудбалер помалку.

Бројчаната предност ја искористија гостите од Рим. Најпрво Пауло Дибала од пенал израмни на 1:1, а потоа аргентинскиот напаѓач асистираше за погодокот на Кристенсен во 82 минута со што гостите го комплетираа пресвртот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести