Дибала конечно одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

По завршувањето на сезоната, Пауло Дибала се збогува со навивачите на Јувентус и најави дека е време да најде нов предизвик. Фудбалерот кој беше миленик на публиката во Торино сега е слободен играч, но италијанските медиуми пренесуваат дека е многу веројатно Аргентинецот во новата сезона да го носи дресот на Интер.

Најавите се дека Дибала веќе ја прифатил понудата на Интер според која ќе заработува пет милиони евра по сезона, плус еден милион кој може да го добие како бонус во зависност од настапите.

Единствен проблем околу потписот на Дибала со Интер е тоа што италијанскиот тим мора да направи простор за Аргентинецот во нападот, односно да продаде еден од офанзивните фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести