Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала, се врати во Италија откако беше подложен на операција во Лондон. Аргентинецот се повреди на натпреварот против Каљари и беше подложен на операција на тетивата на левото колено.
На аеродромот се појави со патерици и во друштво на својата сакана Оријана.
„Можам да одам и без патерици, но докторите ми рекоа да продолжам да ги користам. Се чувствувам добро, им благодарам на сите. Се надевам дека ќе закрепнам за стартот на следната сезона. Малку е веројатно да бидам на трибините за гостувањето против Лече за викендот, но ќе разговарам со лекарите и сигурно ќе присуствувам на некој од следните натпревари“, објасни напаѓачот на Рома.
🔙 Paulo #Dybala è tornato a Roma dopo l’intervento chirurgico a Londra #ASRoma 🟨🟥 pic.twitter.com/hbQMNjAwZH
— Il Romanista (@ilRomanistaweb) March 26, 2025