10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Дибала се повреди при шут на пенал што го промаши, за среќа, не е сериозно како Де Бројне

Рома со 1:0 загуби на последниот меч, и тоа на гостувањето кај Милан на „Сан Сиро“. Гостите од Рим има за што да жалат затоа што во 82-рата минута пенал промаши Пауло Дибала. Ретки се моментите кога Дибала промашува од белата точка, но, за жал на фановите на Волчицата, овојпат тоа се случи во најлош можен момент.

Освен што го промаши пеналот, Дибала се повреди, а денеска Аргентинецот беше на дополнителни повреди, по кои беше констатирано дека ќе мора да паузира барем 20-тина дена.

Тестовите на кои Аргентинецот беше подложен утрово покажаа умерена повреда на левиот бицепс мускул на бутот. Фудбалерот веќе започна терапија и се надева дека ќе се врати на теренот за три недели. Целта на тренерот Џанпјеро Гасперини е да го има на располагање на 30 ноември против Наполи, но веројатно ќе треба уште една недела за повторно да го видиме на теренот. Речиси сигурно Дибала ќе биде подготвен за дуелот на 7 декември во Калјари.

Стравувањата во Рома беа дека повредата на Дибала може да биде сериозна како таа на Кевин де Бројне. Ѕвездата на Наполи исто така се повреди по изведување на пенал, но проценките за него се дека може да паузира и до крајот на сезоната.

Дибала многу често се повредува откако е во Рома. За него ова е 20-та повреда откако е на „Олимпико“. Во последните три сезони Дибала пропушти 50% од натпреварите на Рома.

 

- Оглас -

Најнови вести