Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, се подготвува за враќање на теренот и се очекува да биде во составот за дуелот од Лигата на Европа против Лил на 2 октомври, пренесува „Газета дело спорт“.
Аргентинецот повторно се соочуваше со повреда и поради тоа го пропушти триумфот на Волчицата во градското дерби против Лацио, кое заврши со минимална победа од 1-0.
Покрај него, и новото засилување Леон Бејли се рехабилитира од повреда. Во клубот веруваат дека и фудбалерот од Јамајка, кој пристигна на позајмица од Астон вила, ќе биде подготвен за големиот европски предизвик.