Диего спаси четири меч-топки, играше практично со една нога, и победи, публиката во транс (Видео)

Аргентинскиот тенисер Диего Шварцман, го победи Уругваецот Пабло Куевас на турнирот во Буенос Аирес, иако во голем дел од третиот сет играше со повреда на левата препона, на моменти плачеше од болки, а бодрен од публиката спаси четири меч-топки во вториот сет, пред да успее да одигра до крај и да триумфира со 5-7, 7-6, 7-5. Ова придонесе за еуфорија на трибините во главниот град на Аргентина, судијата се мачеше да ги смири фановите.

Антологиската битка траеше 3 часа и 42 минути. Вечерва Шварцман треба да игра со Педро Соуза, но лекарите треба да кажат дали Аргентинецот ќе може да настапи на својот трети меч во последните помалку од 48 часа.

Погледнете го финишот на мечот Шварцман – Куевас:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=77&v=yFXlDXnAdQc&feature=emb_title

- Оглас -

Најнови вести