Барселона гостува на стадион на кој седум години нема победа

1151 Вест Хем – Евертон (16.00 часот)

Иако Евертон е во трка за излез во Европа, има само два бода помалку од седмиот Борнмут, бодовите му се многу попотребни на Вест Хем кој се бори за опстанок и не смее да киксира на овој меч. Чеканите имаат само еден пораз во последните пет кола, и немаат друг избор освен да одат на победа и три бода ако сакаат да останат со предност пред загрозениот Тотенхем на кого му бегаат два бода. Евертон е тим кој има повеќе победи на гости отколку дома, но и Вест Хем е добар на свој терен, не загубил од 6-ти јануари. Есеноска беше 1-1, имаат серија од три меѓусебни лигашки дуели по ред кои завршија нерешено.

Предлог тип: & 2-4 (2.14)

 

1152 Вулверхемптон – Тотенхем (16.00 часот)

Вулфс веќе се испаднати и играат само за честа пред фановите, а и Тотенхем ќе го снајде иста судбина ако не почне да победува. Лондонските Петли мораат да го добијат овој меч, во спротивно, ќе бидат блиску до преселба во Чемпионшип. Вулверхемптон победи на последните два меча пред своја публика и тоа покажува дека на гостите нема да им биде лесно. Тотенхем нема лигашка победа на гости во 2026 година, па попладнево мечот им е да се биде или не. Тотенхем во 2021 последен пат победи на „Молињу“, есеноска во Лондон беше 1-1.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.89)

 

1303 Хетафе – Барселона (16.15 часот)

Хетафе игра добро, има три победи во последните четири кола и се наоѓа во зона на табелата која води во Европа. Ова е дуел на две од трите најдобри одбрани во лигата, но Барса е неспоредливо поефикасна, има дадено речиси 60 голови повеќе од малиот мадридски клуб. Барселона има намера што побрзо да ја осигура титулата, но без Јамал и Рафиња на крилата, нема да им биде лесно да го пробијат бункерот, Каталонците не го победиле Хетафе во Мадрид уште од 2019 година. Нивните меѓусебни дуели во Мадрид обично се неефикасни со 0-2 гола. Есеноска Барселона како домаќин победи со 3-0.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.85)

 

1153 Арсенал – Њукасл (18.30 часот)

И Арсенал е во групата на лондонски екипи кои денеска мора да победат. Топчиите не смее да помислат да не го добијат овој меч, бидејќи тоа може да биде кобно по нивните шампионски амбиции. Њукасл воопшто не е слаб тим, но има три порази по ред (на сите овие мечеви даваше гол) и опстанокот уште не му е математички гарантиран. Арсенал уште од 14-ти март нема победа на премиерлигашки меч, под силен притисок се, а победата ќе им треба и за кревање на самодовербата пред дуелот со Атлетико од полуфиналето во ЛШ в среда. Есеноска на „Сент Џејмс парк“, Арсенал победи со 2-1.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.90)

 

1703 Анже – ПСЖ (19.00 часот)

На ПСЖ ќе му треба силно прво полувреме за да го добие овој меч и потоа во второто да може малку да калкулира со силите, бидејќи во вторник ги чека пеколно тежок меч со Баерн во ЛШ. Титулата не му е сигурна на парискиот тим, второпласираниот Ленс е на три бода минус. Анже теоретски нема обезбедено опстанок, но многу е блиску до такво нешто. Во првиот дел од сезоната во Париз, ПСЖ го победи Анже со минимални 1-0, но последнните две нивни пресметки во Анже беа ефикасни со „гол-гол и 3+“.

Предлог тип: 2 & 2+ пол. (2.45)

- Оглас -

Најнови вести