Диего Коста пак ќе игра за Атлетико, сега ќе биде адут на „црно-белите“ од Бразил

Диего Коста повторно ќе игра за Атлетико, но сега не во Шпанија, туку во Бразил и тоа за клубот од Минеиро. Познатиот напаѓач веќе се договорил со Атлетико МГ и утре, или задутре треба да биде претставен како засилување за клубот од Бело Хоризонте.

Атлетико Минеиро има огромна традиција, постои 113 години, а по еднаш беше бразилски и јужноамерикански првак.

 

Коста доаѓа во Атлетико МГ од Атлетико Мадрид, клуб за кој настапуваше во три различни периоди и ги има најголемите успеси. Ветеранот кој влезе во 33-та година од животот играше и за Брага, Пенафиел, Селта, Албасете, Валјадолид, Рајо Валјекано и Челзи.

Иако е роден Бразилец настапуваше за репрезентацијата на Шпанија и на 24 меча постигна 10 гола за Црвената фурија.

 

- Оглас -

Најнови вести