Диего Коста со бизарно објаснување: Сам на себе си ја пцуел мајката

Дербито меѓу Барселона и Атлетико Мадрид на кое Kаталонците победија со 2-0, што е голем чекор кон одбрана на титулата во Примера, остана во сенка на инцидентот кој го направи напаѓачот на гостите Диего Коста. Голгетерот на Атлетико заработи директен црвен картон во 28-мата минута поради пцуење на судијата.

Арбитерот Хесус Хил немаше толеранција за гнасните зборови на Коста и го избрка од игра, а потоа го пријави во записникот. Што му кажа Коста на судијата може да прочитате ТУКА.

Сега Коста се соочува со поголема казна. Според некои, суспензијата може да достигне и до осум меча, што ќе биде рекордна висока за ваков вид црвен картон.

Коста уште веднаш се обидел да се оправда, но не му успеа. Тој веднаш на судијата му рекол дека не ја пцуел неговата мајка, туку својата, што е навистина бизарно објаснување. „Не ја пцуев твојата мајка, туку мојата“, е објаснувањето на Коста кое не помина кај судијата.

- Оглас -

Најнови вести