Дијас брзо ги реши дилемите – Победнички старт за Милан во Серија А (Видео)

Брахим Дијас рано ги разреши сите дилеми околу победникот во Џенова, а Милан со неговиот погодок во деветтата минута успеа да слави против Сампдорија.

Мајк Мањан, новиот голман на Милан, кој бранеше извонредно на дебито, учествуваше и во акцијата за победа откако одлично дегажираше до Калабрија, а овој му асистираше на Дијас за триумф на Милан.

Голот на Дијас во деветтата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Мањан имаше неколку прекрасни интервенции, а особено се истакна во 18-тата минута, кога спречи израмнување со две фантастични реакции и одбрани во ист напад на домаќините.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести