Димитриевски не замина во Ал-Наср, можеби ќе имаат повеќе среќа со големата ѕвезда на Арсенал

Еден од најтрофејните клубови во Саудиска Арабија, Ал-Наср не успеа да го ангажира македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, иако беше многу блиску до трансфер, а сега објави дека има понуда за поранешниот капитен на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг.

Имаат интересна понуда за Топчиите, да го позајмат напаѓачот на една година, ќе му ја плаќаат истата плата на Обамејанг што ја има во Арсенал, а потоа ќе му дозволат да се врати во неговиот сегашен клуб.

Обамејанг има неделна плата од 250.000 фунти во Арсенал, или околу 13 милиони фунти годишно.

Ал-Наср е 26-кратен првак на Саудиска Арабија.

Обамејанг е ставен под мраз во Арсенал и не игра за Топчиите, но и не сака да си замине во друг клуб со помала плата.

Понудата на Ал-Наср важи до утре, кога завршува преодниот рок во Саудиска Арабија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести