Најпријатното изненадување сезонава во македонскиот ракомет, ГРК Охрид е на прагот да испише историја. Тимот на Охрид вечерва од 20 часот во салата „Парк“ во Струмица ќе игра во финалето на Купот против Вардар. Ако за Охрид ова е историски меч, тогаш за Вардар е нешто на кое се навикнати.
Црвено-црните се актуелни освојувачи на Купот и вечерва ќе се обидат да стигнат до рекордниот 18-ти трофеј во ова натпреварување.
Според коефициентите во Sport Life, Вардар е голем фаворит за победа. Ако се погледнат меѓусебните дуели Вардар е апсолутен фаворит и победил во сите 28 натпревари против Охрид.

Пред машкото финале, во 17 часот ќе се игра и финалето во женска конкуренција, а силите ќе ги одмерат бранителот, Ѓорче Петров и тимот на Спартак. „Лавиците“ се борат за 19. пехар во ова натпреварување, додека ракометарките на Спартак за првиот во своја историја.

