Димитриевски со реми кај Селта се прости од Ла Лига

Рајо Валјекано ремизираше со 2-2 на гостувањето кај Селта Виго во последното коло од Ла Лига за оваа сезона. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски доби шанса да се „отпише“ од шпанската елита, а не издржа десетина минути да запише нов настап со сочувана мрежа.

Ембарба и Медран ја најавија победата на Рајо, додека Аспас од белата точка погоди во 83-тата минута, за потоа најдобриот играч на Селта во судиското надополнување да постигне уште еден гол и да спречи пирова победа на Рајо.

Селта дефинитивно останува во шпанската елита, бидејќи истовремено Жирона загуби на гости кај Алавес со 2-1, па каталонскиот состав заедно со Рајо и Уеска од следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората шпанска лига.

И испадната Уеска успеа да слави во последното коло со 2-1 против Леганес.

- Оглас -

Најнови вести