Димитриевски: „Во одлична форма сум, се надевам нема да се затресе мојата мрежа“

Фудбаската репрезентација на Македонија ја очекуваат два контролни натпревари против селекции кои ќе играат на Мундијалот, Босна и Херцеговина и Турција. Еден од фудбалерите кој игра во фантастична форма на врвно ниво, голманот Столе Димитриевски, очекува дека во Сараево нема да се затресе неговата мрежа.

„Мислам дека ова ќе бидат два одлични натпревари за нас, БиХ и Турција се одлични репрезентации, ќе играат на Светското првенство. Тоа се можеби вистински селекции против кои треба да покажеме квалитет и да ни бидат вистинска подготовка за следното издание во Лигата на нации во Б сегментот. Што се однесува до мене, јас чувствувам дека сум во многу добра форма и се надевам дека нема да се затресе мрежата на Македонија.“ – вели репрезентативниот голман, Столе Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести