Димитријевиќ: „Добро сум, но бадијала се моите поени кога не победивме“

Ненад Димитријевиќ беше на чекор да го сруши рекордот на Петар Наумоски од далечната 1997-ма година по бројот на постигнати поени за репрезентацијата на официјален натпревар, но застана на 43 поени, што е втор најдобар ефект во историјата на македонската кошарка. Во соборување на рекордот го спречи повредата на шест минути до крајот, а доколку останеше во игра, речиси сигурно ќе продолжеше да го полни кошот на литванците.

Сепак, како што вели и самиот повредата не е сериозна, се работи само за силен грч.

„Ова беше битка, мислам дека одигравме многу добро прво полувреме. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми со контрола на скокот, знаеја како да го искористат тоа. Беа подобри во второто полувреме и заслужено славеа. Ние се боревме 40 минути и дадовме се од себе, му честитаме на противникот. Дадов 43. поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот. Што се однесува до повредата, мислам дека беше само силен грч и дека се ќе биде во ред набрзо.“ – вели Димитријевиќ.

- Оглас -

Најнови вести