Димитријевиќ и официјално стана Лилјак

Ненад Димитријевиќ и официјално е нов член на Валенсија чии што бои ќе ги брани во следните четири години. Димитријевиќ го напушти Хувентуд по девет години и пет сезони поминати во првиот тим каде што изгради име и беше еден од најефикасните играчи за екипата од Бадалона.

Со просек од 10,6 поени во шпанската АЦБ лига, односно 12,9 и 3,6 асистенции просечно во Еврокупот, 23-годишниот македонски репрезентативец минатата сезона беше еден од предводниците на Хувентуд, по што го заслужи овој трансфер.

Димитријевиќ во сезоната 2019/20 беше избран меѓу најдобрите млади играчи во шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести