Димитријевиќ: Првпат сезонава ми се случува ова

Ненад Димитријевиќ кој со 25 поени беше најефикасен македонски играч во поразот од Естонија, смета дека Македонија играла добро во прво полувреме, а потоа ја загубивме енергијата и гостите го искористија тоа.

„Игравме добро во прво полувреме. Жалам за поразот, но само пет поени негатива е, ќе имаме реванш на гости, пред тоа имаме три други мечеви, сега мора да се подготвиме за Полска в понеделник. Имавме одлична хемија на тренинзите, добро го отворивме мечот, но Естонците притиснаа, загубивме енергија и тоа не чинеше. Имав јак грч, првпат сезонава ми се случува тоа“, рече Димитријевиќ.

- Оглас -

Најнови вести