15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Димитров го натера Чилиќ експресно да се прости од ОП на Австралија

Григор Димитров се пласира во втората рунда од ОП на Австралија по убедливиот триумф над Марин Чилиќ со 3-0 (6-4, 6-2, 7-6). Бугаринот доминираше против хрватскиот тенисер како ретко кога и го натера Чилиќ да се поздрави со првиот освосезонски гренслем само по два часа и 11 минути.

Со еден направен брејк Димитров дојде во ситуација да поведе по првиот сет, па го стори тоа откако Чилиќ спаси две сет-топки при резултат 5-3. За помалку од половина час Димитров дојде до водство од два сета, а на крајот Чилиќ пружи максимален отпор пред елиминацијата и изнуди да се игра тајбрејк, во кој Григор славеше со 7-5.

Следен противник на Димитров ќе му биде Алекс Болт.

Во меѓувреме Карењо-Буста со идентични 3-0 го елиминира Јапонецот Кеј Нишикори, додека во женска конуренција Симона Халеп победи со 2-0 (6-2, 6-1) против Лизет Кабрера, а и Квитова немаше проблеми против Минен и славеше со 2-0 (6-3, 6-4).

- Оглас -

Најнови вести