Монтела: Македонија е организиран тим, имавме среќа што рано дадовме два гола

Турскиот селектор Винченцо Монтела беше задоволен од триумфот и од покажаниот карактер на неговите фудбалери по победата од 4-0 над Македонија во контролниот меч во Истанбул.

„Многу сум задоволен дека моите играчи го сфатија мечот сериозно и прикажаа одлична игра. Ја гледавме Македонија претходно, тоа е организиран тим, кој умее да одигра навистина добро. Ние вечерва имавме среќа што го отворивме натпреварот со два брзи гола и тоа подоцна ни даде дополнителен мотив да продолжиме во силно темпо во најголемиот тек од натпреварот“, рече Италијанецот.

- Оглас -

Најнови вести