Димитровски започна тренерска кариера и тоа во Академијата на грчки Олимпијакос

Некогашниот капитен на младинската репрезентација на Македонија и екс член на сенорскиот национален состав, Владимир Димитровски започна со тренерска кариера. Димитровски е назначен за тренер на младата екипа за играчи со 14 години во Академијата на Олимпијакос на грчкиот остров Крф.

Како играч, 34-годишниот Димитриевски на два пати беше дел од екипата на Керкира од Крф и тоа во сезоните 2014-15 и 2016-17, што значи дека ова му е познато поднебје. Искусниот 34-годишен дефанзивец имаше богата интернационална кариера, па има настапувано за Вестерло, Сесвете, Млада Болеслав, Карабах, Доха Драма, Телави, а негов последен клуб беше Гриндавик во Исланд.  Во домашното првенство има играно за Вардар, Цементарница, Металург и Работнички.

„Тренерската кариера официјално започна“, кратко порача Димитриевски преку социјалните мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести