Динамичното дуо му носи победи на Реал, и Милан конечно освои бод (Видео)

Реал Мадрид во минатата сезона двапати загуби од Шахтар, а сезонава Кралскиот клуб му се реваншира на украинскиот тим со две победи. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал победи со 2-1, а двата гола ги даде Карим Бензема после асистенции на Винисиус.

Шахтар последните шест голови во ЛШ ги има дадено против 13-кратниот европски првак, кој вечерва стана прв клуб со 1.000 гола во Лигата на шампионите и Купот на европските шампиони, но тоа не им помогна да избегнат пораз. Ако ништо друго, Шахтар е првиот украински тим кој сезонава даде гол во ЛШ, Динамо Киев уште нема погодок.

Во Милано, Милан и Порто ремизираа 1-1, резултат кој им одговара на нивните противници во групата, Ливерпул и Атлетико. За Росонерите, ова е само прв бод, а одиграа веќе четири меча во ЛШ.

Ова е вториот гол на Бензема по одличната акција на Бразилците Касемиро и Винисиус:

https://www.youtube.com/watch?v=VSCX2_GgpMs

- Оглас -

Најнови вести