Динамо го понижи Хајдук, капитенот Адеми со гол и асистенција (Видео)

Динамо Загреб му одржа фудбалска лекција на најголемиот ривал Хајдук, откако дуелот на „Максимир“ заврши со 4:0 за домаќините. Со оваа победа Динамо се зацврсти на врвот на табелата и сега има  55 бодови од 22 средби, додека Хајдук останува втор со 44 бодови од 23 дуели.

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми е херојот на Модрите. Токму Адеми беше играчот кој погоди во осмата минута за водство на Динамо од 1:0, а две минути подоцна капитенот асистираше за погодокот на Батурина за 2:0.

До крајот на првиот дел, Динамо постигна и трет гол и тоа преку Иванушец. Истиот играч даде гол и во второто полувреме, овојпат во 63 минута за 4:0. Во стартниот тим на Динамо беше и капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, кој одигра одлично по десната дефанзивна страна.

- Оглас -

Најнови вести