Динамо го враќа Адеми за Лигата на конференции?!

Управата на Динамо Загреб се обидува да го врати македонскиот репрезентивец Аријан Адеми за настапите во Лигата на конференции.

Тренерот Сергеј Јакировиќ најави дека Динамо Загреб ќе донесе уште неколку засилувања за настапот во Европа, а хрватските медиуми пишуваат дека едно од нив е Адеми, кој 11 години го носеше дресот на „Модрите“.

„Се надеваме дека денеска ќе ги завршиме сите детали околу враќањето на Адеми“, се изјавите од управата на хрватскиот шампион.

Според хрватските медиуми, денеска треба да се завршат уште неколку работи пред враќањето на Адеми на „Максимир“.

Аријан Адеми во март годинава потпиша за кинескиот Пекинг Гуан, а 11 години настапуваше за Динамо Загреб и ја носеше капитенската лента.

- Оглас -

Најнови вести