Динамо ја одби понудата на Бетис за Адеми

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, ќе мора да паузира во следните две недели и ќе мора да ги пропушти зимските подготовки со екипата на Динамо Џагреб, чиј капитен е. Адеми има проблем со стапалото, стара повреда која ја влече цела есен. Тој ќе патува со екипата во Ровињ и ќе работи по посебна програма додека не ја залечи повредата која му создава големи проблеми.

За Динамо е хендикеп што нема да го имаат искусниот Адеми, а колку им значи на Модрите, доказ е и што не се согласија да го продадат во Бетис. Шпанскиот тим имаше понуда за 28-годишниот Адеми, но таа понуда била доста помала од оние 6,5 милиони евра кои пред една и пол година ги нудеше Лил, и истотака беше одбиен од Хрватите.

 

- Оглас -

Најнови вести