Динамо „везе“ против Краснодар, Ѕвезда добро се држи на „Сан Сиро“

Динамо Загреб, за кој во почетниот состав се Стефан Ристовски и Аријан Адеми, води со 1-0 против руски Краснодар и се наоѓа блиску до пласман во осминафиналето на Лигата на Европа. Голот за Динамо го даде Мислав Оршиќ, кој убаво финишираше една прекрасна акција на Модрите.

Добар резултат има и Црвена ѕвезда, која игра 1-1 на гости против Милан. Ова е резултат кој ги води Росонерите во следната фаза, но уште еден гол во мрежата на Милан ќе ги смени работите. Милан игра без Ибрахимовиќ, поведе рано со гол од пенал, а српскиот шампион изедначи и ја врати неизвесноста.

ПСВ во првиот меч загуби од Олимпијакос со 2-4, но по првото полувреме на реваншот холандскиот тим води со 2-0 и ако ја задржи предноста, ќе оди понатаму.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести