Динамо Загреб за осум минути даде три гола и ќе презими во Европа

Хрватскиот шампион за кого настапуваат македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и поранешниот капитен Стефан Ристовски во последното коло од групната фаза во Лигата на конференции со 3:0 го совлада Балкани и си обезбеди пласман во нокаут-фазата.

Динамо дилемите околу победникот ги реши само за осум минути, од 69-тата да 77-мата даде три гола (два гола на Петковиќ и еден на Периќ) и го завери второто место во групата Ц со девет бода, додека Балкани и Астана останаа на четири.

Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо, додека Адеми не е регистриран за настап во групната фаза.

П’лзењ со победата со победата од 3:0 против Астана, настапите ги заврши со максимални шест победи.

Група А
Лил – Клаксвик 3:0
Слован – Олимпија 1:2
Табела: Лил 14, Слован 10, Олимпија 6, Клаксвик 4

Група Б
Макаби Тел Авив – Гент 3:1
Зорја – Бреидаблик 4:0
Табела: Макаби Тел Авив 15, Гент 13, Зорја 7, Брејдаблик 0

Група Ц
Плзен – Астана 3:0
Динамо Загреб – Балкани 3:0
Табела: П’лзењ 18, Динамо Загреб 9, Астана 4, Балкани 4

Група Д
Бриж – Бодо/Глимт 3:1
Лугано – Бешикташ 0:2
Табела: Бриж 16, Бодо/Глимт 10, Бешикташ 4, Лугано 4

- Оглас -

Најнови вести