Дино Раѓа: Не ни требаат никакви Џонсони, Вотсони или Ларкини

Информацијата дека американскиот бек Шејн Ларкин е заинтересиран да игра за кошаркарската репрезентација на Хрватска најголем дел од навивачите ја примија со задоволство, но Дино Раѓа, кој е прв човек на стручниот совет во Кошаркарскиот сојуз на Хрватска, сака за националниот тим да играат само Хрвати.

Иако во минатото Хрватите имаа натурализирани играчи, Донте Дрејпер и Оливер Лафајет, новото раководство предводено од легендите Стојан Вранковиќ и Раѓа е против натурализацијата. Ларкин е најдобриот американски бек во Евролигата, а Хрватска не се пласираше на СП и во последен момент влета како тим кој ќе игра дополнителни квалификации за Олимписките игри.

„Ви личам на некој што го менува мислењето? Веќе кажав дека нема да носиме странци, тоа не е во интерес на хрватската кошарка. Не сакам за Хрватска да игра некој Џонсон, Вотсон или не знам кој. Словенија го зеде Рендолф и стана европски првак, но што им донесе тоа на клупско ниво? Ништо. Во финалето на АБА, Ѕвезда и Будуќност играа со по пет странци“, вели Раѓа.

- Оглас -

Најнови вести